| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо за слабеење, ги хипнотизирал за секс

hipnoТимоти Портер ја хипнотизирал омажената мајка на три деца и ја наговорил да си ги милува градите. Самоукиот хипнотизер се соочува со затворска казна. Имено, прелажаната жена мислела дека со терапија ќе слабее, но се вџашила кога си го видела 40 годишниот психотерапевт со соблечени пантолони како се самозадоволува и и наредува да се допира.

Минатата година над жртвата извршил 12 третмани. Еднаш и ја прашал дали сака да постигне „возвишен оргазам“. Еднаш дури и бил и кај нејзе в куќи, да ја „лечи“ додека децата спиеле на спратот.

Тој ја признал вината, па чека пресуда идниот месец.
Инспекторот кој го води случајот за британските медиуми вели дека не се знае дали има и други жртви , бидејќи спроведувал хипноза и над други пациенти, иако немал никакво формално образование. Тоа му било- хоби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top