| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица ќе произведува холандско цвеќе

цвеќеХоландска компанија со светско реноме за производство на цвеќе во септември ќе гради расадо-производство на цвеќе во индустриската зона во близина на Струмица, веднаш до хрватски Агрикор Фруктис.

– Ќе одгледува цвеќе, под вештачки услови, во форма на расад. По трагање во седум други земји и седумнаесет различни места во државата, се одлучи да инвестира тука, заради поволностите кои им ги нудиме на странските инвеститори, рече најави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Името на компанијата сега не се открива. Одлучено е да организира расадо-производство на цвеќе на површина од  10 до 11.000 квадратни метри и на почетокот да вработи околу 250 работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top