| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските општини бараат сами да го одредуваат данокот

скопјеКоординативното тело на градоначалници на Скопје донесе одлука со која се предвидува да се предложат измени на Законот за данок на имот, во насока на надминување на проблемот со непријавените имоти, пренесува МИА.

Како што изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по втората седница, со бараните измени би им се овозможило на службите на локалната самоуправа сами да имаат надлежност да евидентираат имот и да издаваат решенија за данок на имот.

Координативното тело констатира дека наплатата на данокот на имот за 2012 година изнесува околу 85 проценти.

На седницата е дискутирано и за предлагање за измени во постапките за поставувањето на урбаната опрема во Скопје, каде во моментов има поделени надлежности помеѓу градот Скопје и општините и истото предизвикува нејаснотии и збунетост кај корисниците на овие услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top