Котелот за парно греење или дефект се најверојатно причините за пожарот во планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер. Истражните органи сѐ уште ги утврдуваат причините што го предизвикале пожарот.
Пред избувнување на пожарот во популарниот планинарски дом имало гости, вкупно 15 кои за среќа биле евакуирани навреме. Само едно лице побарало помош, поради вдишување чад. „Копанки“ се речиси целосно уништени, а штетата се проценува на 250 илјади евра.
– Синоќа се наложи парното. Имаше гости. Вентилот на котелот го затворивме да тлее за да биде топло подолго време. Луѓето почувствуваа чад на горниот кат и брзо истрчаа прво да ги евакуираат гостите, па сите почнаа да гаснат. Но пожарот брзо се ширеше и не успеавме да го спасиме објектот. И пожарникарите дојдоа и видоа дека сѐ почна кај котларницата – изјави за„ТВ „Тера“ Благоја Пинзовски, татко на концесионерот на домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


