Скопјанецот Митко Б. загинал работејќи во Ранжирната станица во Трубарево. Според МВР, вчера 59-годишниот скопјанец, кој работел во работилницата за поправка на товарни возови, случајно бил прободен во слабината со метален профил од челична конструкција.
Митко веднаш бил пренесен во скопскиот Ургентен, но не успеал да се избори со повредите. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а телото на скопјанецот било предадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници – едниот почина на лице место
-
Работник тешко се повредил додека го поправал лифтот
-
Познат идентитетот на загинатиот работник: Колега го прегазил со „грејдер“ додека одел во рикверц (видео)
-
Трагедија: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци


