Жителите на населба Дебар Маало, корисници на услугите на јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, треба да ги обноват договорите кои им истекуваат заклучно со први септември.
За да се обнови истечениот договор потребно е да се достави лична карта и сообраќајна дозвола на увид.
Еднократниот надоместок за обновување на истечениот договор изнесува 100 денари. По обновување на истечениот договор се склучува нов договор од траење од една година. Со обновување на договорот се добива нова налепница, со која ќе можат бесплатно да го паркираат својот автомобил на отворените паркинзи во зона1 и зона 2.
Поволностите за бесплатен паркинг нема да може да се користат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


