Нема никаков договор околу црква „Св. Димитрија“ во струшкото село Октиси, јави „а1 он“. На средбата кај владиката Тимотеј, денеска во Охрид, на која требаше да се разговара за проблемот, дојде само градоначалникот на Струга, Зијадин Села, но не и струшкиот муфтија во ИВЗ, Салим Сулејмани.
– Станува збор за верски проблем и јас можам да го дадам само својот придонес за верските заедници да се договорат, но не и да се мешам во овие работи – рече градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
– Наша цел е граѓаните да живеат мирно и спокојно и да немаме вакви проблеми. Не ни се потребни верски проблеми меѓу граѓаните штоживеат во Македонија – изјави тој.
За Села најдобро решение во моментот е издавање привремена мерка, не за забрана за градба, туку за забрана на моментни активности на терен.
– На тој начин, рокот за градба, 30 септември, кој православните верници го имаа, ќе се продолжи, а со тоа ќе се даде простор страстите да се смират и верските заедници да се договарат. Тоа е најдоброто решение во моментот од безбедносни причини – рече Села.
Средбата во Охрид доаѓа откако во неделата верниците од муслиманска вероисповест не дозволија да биде поставен камен-темелник за изградба на црква „Св. Димитрија“ во Октиси.
Владиката Тимотеј тогаш рече дека се сомнева дека овие луѓе биле изманипулирани од страна на одредени радикални структури.
фото: а1 он.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив


