Неколку стотини луѓе протестираа на њујоршкиот Тајм сквер против можниот план на официјален Вашингтон воено да интервенира во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиското оружје во минатонеделните напади во предградието на Дамаск.
Синоќешните протести во Њујорк собраа луѓе кои ја поддржуваат власта на Башар ал Асад, оние кои се противат на интервенцијата на САД, како и оние кои истакнуваат дека едноставно не можат да поднесат уште една војна. Демонстрантите извикуваа: „САД, НАТО – рацете подалеку од Сирија!“, некои носеа фотографија на Асад, а некои едноставно го изразуваа противењето на новата војна.

Калдон Макхул, Сириец кој во Америка се доселил пред 17 години, носел транспарент на кој пишува „Сирија = Ирак. Исти лаги“. Ова е уште една лага и луѓето залудно ќе губат животи. Каде се наоѓа тоа хемиско оружје? Досега не го најдовме. Американските војници залудно ќе гинат. Каде се доказите?, извикувал Калдон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


