
Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ, која ќе нѐ претставува на „Евровизија“ следната година во Данска, не ги крие очекувањата за добар пласман.
– Ѝ благодарам на МТВ што ме одбра за свој претставник. Ќе бидам на ниво на задачата, немам трема, и покрај тоа што мислам дека тоа не е добро затоа што тоа ми е својствено. Големо е задоволството, но и одговорноста да настапуваш на „Евровизја“ затоа што од мене се очекува нешто спектакуларно и сигурна сум дека така ќе биде. Иако сѐ уште е рано за прогноза, се надевам на висок пласман и дека ќе добијам 12 поени од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и сите останати земји во кои настапувам – вели Тијана за српски „Свет“.
„Евровизија“ ќе се одржи од 6 до 10 мај следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


