Во обид да се најде решение, денеска ќе разговараат владиката Тимотеј, градоначалникот на Струга, Зијадин Села, поглаварот на Исламската верска заедница во Струга, Салим Сулејмани, и претставници на верските заедници.
Средбата ќе се одржи во Охрид во седиштето на Дебарско-кичевската епархија.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, деновиве поднел барање до судот за воспоставување привремена мерка за решението за градба на параклисот во село Октиси додека се најде решение за проблемот и да се смират страстите меѓу жителите во селото од христијанска и муслиманска вероисповест.
На местото каде што е предвидено да се гради црква „Св. Димитрија“, постоел објект кој поради дотраеноста бил урнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив