| четврток, 6 декември 2018 |

МРТ: Со Тијана имаме добитен пакет за Евросонг

Tijana+Dapevi+tijana

МРТ не се сомнева дека со изборот на Тијана за македонски претставник на Евросонг 2014, ќе се добие комплетен и ефектен евровизиски музички пакет – спој на атрактивност, автентичност и талент во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светската културна јавност”, изјави за Вечер Мери Попова, уредник на културна редакција во МРТ.

Засега, според информациите од МРТ, единствено е познат македонскиот претставник, а сите останати детали ќе бидат откриени во периодот што следува. Песната со која Тијана ќе треба на Македонија да и го обезбеди влезот во големото финале ќе биде направена по принципот на нарачка од етаблирани авторски имиња.

Тијана смета дека ја заслужува можноста и открива дека ќе пее на македонски јазик.

– Да ме прашаа пред четири години, ќе бев лута што не се сетиле на мене да одам на Евровизија, но од сегашна перспектива мислам дека токму сега е вистинскиот момент. Со оглед на тоа дека 14 години сум присутна на музичкиот пазар, терен, не само во земјава, туку и низ цела екс Југославија, мислам дека ја заслужувам можноста. Ако имаш добра песна, тогаш си на коњ. Инаку, уште од самиот старт кога ја добив понудата, знаев дека ќе пеам на македонски, вели Тијана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top