Бразилскиот интернационалец во дресот на Реал Мадрид Рикардо Кака на четири дена пред крајот на предониот рок за трансфери на фудбалери изјави дека сака да го напушти клубот.
Со трансферот на Герет Бејл во Реал се позивесно е дека Кака ќе мора да го напушти клубот како би можел да добие минутажа во друг клуб за да се избори за место во репрезентацијата на Бразил за престојното светско првенство во 2014 што се игра токму во родната земја на фудбалерот.
– Сакам да го напуштам Реал. За клубот и за мене најдобро е да си одам – констатираше Кака.
Со ваквата изјава на бразилецот се отвараат вратите за преселба во клубот од каде што дојде и каде што го афримираше како врвен фудбалер. Милан ги следи настаните и секако се очекува да испрати понуда за Кака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.