
Азербејџанските власти ја прогласија за персона нон грата руската шпионка Ана Чaпман.
Поранешната агентка на Русија во САД, ги влошила односите на Баку и Москва затоа што ја посетила областа Нагорно Карабах заедно со руски новинари. Оваа територија која е под власт на Ерменија, Азербејџан ја смета за нејзина, но е окупирана од ерменските власти.
Азербејџан до сега прогласила 335 лица за непожелни кои ја посетиле оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


