| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за безбедност на ОН итно заседава за Сирија

sovet za bezbednost on

 

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН вечерва повторно имаат итен состанок на кој разговараат за наводниот напад со хемиско оружје во Сирија минатата недела. Во меѓувреме западните сили се уште се подготвуваат за воена интервенција против сирискиот режим.

Според американски дипломати, како што пренесува Ројтерс состанкот ќе се одржи во во 18.30 според Гринич. Состанокот наводно бил по барање на Русија.

Претставниците на Британија, Кина, Франција, Русија и САД вчера имаа неуспешен состанок за нацрт резолуцијата на Советот за безбедност со која би се одобрила секаква “неопходно употреба на сила“ како одговор на нападот со хемиско оружје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top