| четврток, 6 декември 2018 |

Повредениот во сообраќајката на патот Охрид-Кичево се бори за живот

policija69 годишен охриѓанец е во лоша здравствена состојба и се бори за живот по тешката сообраќајна незгода што попладнево се случи во близина на селото Мешеишта на магистралниот пат Охрид-Кичево. Повредениот се наоѓа на хируршкото оделение во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјавил дека до незгодата дошло во момент кога патничко моторно возило марка Сузуки со охридски регистарски таблици, од спореден пат од селото Мешеишта сакало да се вклучи на магистралниот пат. Притоа, врз возилото управувано од сега повредениот налетало патничко моторно возило марка Форд Мондео со скопски регистарски ознаки во кое имало четири лица.Ова возило се движело во правец од Охрид кон Кичево. Eден од патниците во ова возило се здобило со тешки телесни повреди.

-Увидот на местото на незгодата се уште е во тек а го вршат увидна екипа на охридската полиција во присуство на истражен судија и јавен обвинител од основниот суд во Охрид како и овластен судски вештак. Сообраќајот на овој дел од магистралниот пат се пренасочува по споредните улици на селото Мешеишта – вели Димоски на Охриднет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top