| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на магистралниот пат Охрид- Кичево

soobrakjajkaТешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево кај селото Мешеишта. Доцна попладнево околу 18 часот и 30 минути  дошло до судир на две возила едното со охридски, а другото со скопски регистарски таблици.

Според првичните информации кои ги објави Охридент, во моментов на лице место интеревенира противпожарната единица, која се обидува да го извади возачот на едното возило. Се претпоставува дека тој се здобил со тешки телесни повреди.

Сообраќајот во моментов е во прекин, возилата се пренасочуваат по споредни патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top