| четврток, 6 декември 2018 |

На Грција ѝ треба пакет од 10 милијарди евра, но безусловно

budzet_grcijaГрција од 2014 година нема да може да функционира без нов пакет финансиска помош и покрај строгата политика за штедење и сите други мерки, ги пренесува „Дојче веле“ стравувањата на стручњаците.

Според процените на министерот за финансии Јанис Стурнарас, на Грција ѝ требаат дополнителни 10 милијарди ерва, кои не би требало да бидат дел од пакет-помошта за земјата, туку „помош за стопанството“, која не би била условена со нови мерки за штедење.

Аналитичарот Макис Андронопулос за „Дојче веле“ оценува дека е јасно дека на Грција ќе ѝ треба нова финансиска помош бидејќи во грчкиот буџет ќе се појави дупка од пет до 10 милијарди евра, во зависност од тоа како ќе се движи стопанскиот пораст. Доколку во 2014 одина продолжи длабоката рецесија на грчката економија, можеби ни 10 милијарди нема да бидат доволни, додава тој.

И покрај мерките за штедење, грчкиот долг сега изнесува повеќе од 320 милијарди евра, а таа сума Атина нема да може да ја отплати ниту за 60 години, пишува „Дојче веле“.

Во Грција, пак, провладиниот весник „Катимерини“ пишува дека владата на Грција смета дека економската ситуација во земјата дава повод за оптимизам и дека рецесијата годинава ќе биде помала од очекуваното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top