„До каде оди човечката бесчуствителност?“, прашуваат американските медиуми откако 26 годишната Аманда Кетрин Хејн е задржана во притвор без можност за кауција, заради убиство на своето тукушто родено дете.
Сама се породила во тоалетот во бар, го оставила беспомошното недоносенче да умира, додека таа се вратила кај пријателите, запалила цигара и продолжила да гледа борење. Бебето било најдено другото утро од хигиеничарките.
-Не ми е јасно што е во главата на таа жена, го коментира мотивот за убиство адвокатот Џон Морганели.
Бебето иако е родено неколку недели порано, можело да преживее, но мајката- монструм „го спакувала“ во пластично кесе и го сокрила во тоалетното казанче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


