| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекува поевтин интернет

Министерството за информатичко општество и администрација и на Македонската академска мрежа МАРнет работат на проекти за демонополизација на македонскиот пазар на домени, нивно побрзо издавање со одвивање на сите процедури по електронски пат, како и пад на цените на интернетот

иво ивановскиОд 1 октомври, покрај МАРнет, на пазарот на домени услуги ќе нудат и други субјекти, т.н. регистрари. В понеделник ќе бидат објавени условите кои компании можат да станат регистрари, новиот правилник и техничките упатства и ќе треба да се подготват да се поврзат со системот за еден месец. Според ресорниот министер Иво Ивановски, со тој проект сите граѓани ќе можат да регистрират уште една услуга по електронски пат.

МИОА и МАРнет работат и на проектот за воспоставување внатрешен јаз на поврзување -МАТРИКС,  што ќе овозможи драстично намалување на цените на интернетот.
– Во наредните неколку недели  треба да заврши евалуацијата на понудите  што се испратени од економските оператори. Со системот  во период од 90 дена од фирмата  што ќе биде избрана да го спроведе овој проект ќе се воведе внатрешен јаз во РМ за сите интернет комуникации. Со тоа треба да паднат цените на интернет  услугите во Македонија – рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top