| четврток, 6 декември 2018 |

Од дома му украле 14.000 евра

kradec

Крадци од домот на шеесет и двегодишен гостиварец заминале со плен тежок над 900 илјади денари, информираат од СВР Тетово. Кражбата, најверојатно, се случила синоќа, во периодот кога домашните биле заминати на гости.

По извршениот увид, констатирано е дека непознати сторители провалиле во домот на Н.А. (62), на улица Илинденска, со насилно отворање подрумски прозорец. По пребарувањето, во една од спалните соби на катот нашле кутија во која имало неколку десетина парчиња златен накит и еден машки рачен часовник.

Во првите шест месеци од оваа година на поширокото гостиварско подрачје се регистрирани вкупно 245 тешки кражби, од кои над половината (123) биле извршени во куќи и станови, пред сѐ на привремено вработени во странство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top