| четврток, 6 декември 2018 |

Земјите во развој со поголемо БДП од развиените

статистика графиконЗемјите во развој првпат произвеле повеќе од најбогатите држави, покажува споредбата на збирните БДП на ММФ. Споредбата на податоците е направена врз основа на усогласување на паритетот на куповната моќ, кои покажале дека вредноста на стоките и услугите кои се произведуваат во сиромашните земји е поголема за 1,6 билион долари.

Земјите во развој имаат домашен бруто-производ од 44,4 билиони долари, додека развиените земји произвеле вредност во износ од 42,8 билиони долари на годишно ниво.

ММФ во земјите со развиена економија ги става 34 држави членки на Г7 и другите членки на еврозоната и четирите индустријализирани азиски економии – Тајван, Хонгконг, Сингапур и Јужна Кореја.

Другите 150 земји во светот припаѓаат на групата на економии во развој.

Сепак, останува фактот дека годишниот производ на богатите држави изнесува  41.369 долари по жител, во однос на  7.415 долари во земјите во развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top