Камерунскиот интернационалец Самуел Ето може уште денесka да потпише договор со екипата на Челси и да му се стави на располагање на својот поранешен тренер од Интер, Жозе Мурињо, со кого освои тројна круна.
Црномурниот напаѓач е член на рускиот клуб Анжи и е најплатен фудбалер на планетата со годишна заработка од 20 милиони евра, но ќе се откаже од оваа сума и ќе потпише за „само“ седум милиони фунти за да ја продолжи соработка со Мурињо.
За Ето беше заинтересиран и Интер, но одлуката паднала на Челси бидејќи Камерунецот сакал да игра во Премиерлигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Прегратка за добредојде: Македонскиот напаѓач го пречека Ето во Коњаспор (видео)
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Сака да го смени Лестер за Челси: Дринквотер поднел барање за трансфер


