| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Перо Антиќ стана антички – нова тетоважа на грбот

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ, во пресрет на Европското првенство (ЕП) во Словенија (4-22 септември) направи уште една тетоважа наречена „Македонски воин“, која би требало да биде еден вид дополнителна мотивација за него и за соиграчите во обидот да се одбрани четвртото место од пред две години во Литванија.

Фотографијата од тетоважата ја постира самиот кошаркар преку „Инстаграм“, а истата почна да ја прави пред повеќе од еден месец.

Антиќ важи за вљубеник во тетовирањето и речиси нема дел на неговото тело што не е истетовиран. Покрај имињата на неговите синови, логоата на навивачките групи на екипите на Црвена звезда и Олимпијакос, почесно место зазема и македонското знаме истетовирано на неговите гради.

antik tetovaza1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top