| четврток, 6 декември 2018 |

Регистриран петти земјотрес за четири дена во околината на Загреб

Во околината на Загреб ноќеска е забележан нов земјотрес, петти по ред во текот на четири дена. Земјотресот е регистриран во 2.28 часот во Појатно кај Зпрешиќ, јавија хрватските медиуми.

– Нема причина за никаква посебна вознемиреност, живееме на земјотресно подрачје и мораме да се навикнеме на потреси – велат од Сеизмолошкиот завод во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top