Првиот Џемс Бонд, актерот Шон Конери боледува од Алцхајмерова болест. Германскиот весник „Билд“, пишува дека 83-годишниот Конери не се сеќава каде се наоѓа, а неговата сопруга му помогнала да ја напушти болницата и да замине дома.
Неговиот голем пријател и актер Мајкл Кејн пак изјави дека чувствува огромна тага поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа Конери, додавајќи дека не може да верува оти тој боледува од Алцхајмерова болест.
– Во неделата му беше роденден. Му се јавив и му честитав. Се чувствуваше добро како и секогаш. Не знам сега од каде вакви тврдења за оваа болест, вели Кејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


