
Смилковско Езеро, Скопје
Уапсен e 28-годишниот Сами Љута, потврдува полицијата. Тој по проширувањето на истрагата за 5-кратното убиство кај Смилковско Езеро е обвинет за дело тероризам. По барање на обвинителството проширена е истрагата за Сами Љута, по што тој е приведен на граничниот премин Блаце при обид да излезе од Македонија. Истражен судија му изрекол мерка притвор од 30 дена.Љута е 7-миот кој е обвинет за 5-кратното убиство кое лани на Велики четврток се случи на брегот на Смилковското Езеро. Сурово беа убиени 4-ца млади жители на Бутел и Радишани и риболовец од соседното село Црешево. За случајот наречен Монструм по името на полициската акција, во кривичниот суд во Скопје веќе е отпочнат процесот против вкупно 6-мина обвинети за масакрот кај Смилковци.
Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, двајца од вкупно тројца обвинети за извршители на 5-кратното убиство се уште се во косовските затвори и покрај барањето за нивна екстрадиција во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


