Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува повремен умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и малку посвежо, со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



