Грција е поопасна земја за инвестиции отколку Сирија, во која беснее граѓанска војна, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе меѓународната организавија „Глобал амбишн срвајв“.
Голема група економски експерти во Германија се противат на „логиката на солидарност“, наведувајќи го примерот на Грција.
– Солидарност, секако. Но, тој што ја добива помошта мора да направи сè што може да ги реши проблемите. Мора да има строг приод кон ова прашање – наведуваат експертите.
Други, пак, укажуваат дека Германија ќе мора да остане главен финансиски заштитник на еврото, бидејќи нема друга алтернатива.
Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле истакна дека веројатно нема да може да биде избегнат и третиот пакет за финансиска поддршка на Грција. Се смета дека Атина овојпат ќе побара помош од околу 10 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



