Поради интервенции што ќе ги врши ЕВН Македонија АД поради унапредување на електродистрибутивната мрежа на подрачјето на главниот град, утре без струја во одредени периоди од денот ќе бидат повеќе улици и објекти.
Од 9 до 12 часот утре струја ќе нема на улицата Морава и на улицата Вашингтонска, од бр. 70 до бр. 80 во населбата Шуто Оризари.
Од 9:30 до 15:30 без струја ќе биде дел од улицата Ловќенска во општина Карпош, како и улицата 5 во селото Кучевиште.
Од 9 до 14 часот струја ќе нема и на улицата 4 во селото Бардовци.
Од 9 до 12 часот ќе немаат дел од корисниците во селото Долна Матка, како и објектите од број 10 до број 40 на улицата Ѓорче Петров во истоимената населба.
Од 9 до 11:30 часот струја ќе немаат и објектите 38, 40, 42 и 46 на булеварот Видое Смилевски – Бато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



