| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Полицијата корнеше марихуана кај Студеничани

Во понеделникот, во атарот на скопското село Пагаруша во месноста викана „Две Реки„, македонската полиција пронашла и искорнала 344 стебла од растението „Канабис Сатива„, со големина од 55 до 260 сантиметри. Полициските екипи ги пронашла и цревата за наводнување на растенијата.

Скопската полиција извршила увид на местото и земала примероци од стеблата, а биле подигнати и цревата и пронајдениот алат кои ќе бидат испратени на крим – техничка обработка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето или лицата кои ги одгледувале стеблата.

По извршеното вештачење и целосното документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top