48 годишниот таксист од Кавадарци С.Г., синоќа преживеал вистински хорор, кога патникот кој требало да го превезе до село Росоман, го нападнал со нож и го ограбил.
Според информациите од полицијата, кавадарчанецот го качил патникот на улицата „Браќа Џунови“ и тргнал да го однесе во селото Росоман. Кога пристигнале пред мостот, патникот кој седел на задното седиште извадил нож, го фатил С.Г. за глава, ножот му го ставил под вратот и му ги одзел парите и телефонот и излегол од автомобилот.
Кавадаречката полиција трага по насилникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



