Шестмина вработени во општина Гостивар добиле отказ со образложение дека три дена не се појавиле на работното место. Според Шпенд Капроли, шеф на кабинетот на претходниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи одлуката за престанок на работниот однос се води под образложение дека повеќе од три дена не сме се појавиле на работното место.
-Тоа е невистина и лесно може да се докаже. Ваквиот потег на општинските власти нема никаква законска основа и несомнено претставува политички реваншизам – обвинува тој.
Меѓу шестмината отстранети има и двајца раководители на секторот за урбанизам и сообраќај.
Од локалната власт, пак,објаснуваат дека нивната одлука нема никаква политичка позадина. Според нив, решението за престанок на работниот однос е поднесено, затоа што вработените повеќе од десет дена неоправдано не се појавиле на работа. На крајот на неделата не поднелениту работен извештај .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.