Починатиот претседател на Полска, Лех Качински се појави на билборди во Варшава за реклама за скандинавска интернет-страница наменета за осамени срца. Страницата „Викторија Милан“ денеска се извини посочувајќи дека по грешка користела фотографија на починатиот Качински.
Шефот на страницата, Сигурд Ведал, изјави дека кампањата требало да биде шеговита, а на фотографијата требало да биде братот близнак на Лех, поранешниот премиер, Јарослав.
Јарослав Качински не е оженет и сака мачки и фотографии од мачки.
Лех загина во авионска несреќа во Русија во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


