Полковникот Моамер Гадафи наводно нарачувал киндапирања на ученички, кои ги држел во заробеништво и сексуално ги вознемирувал, објавено е во книгата на француската новинарка Аник Кожан под наслов „Харемот на Гадафи: Приказна за младите девојки и злоупотребата на моќ во Либија“.
Девојката по име Сораја била киндапирана кога имала само 15 години. Пет години поминала во подрумот на тврдината на Гадафи. Таа, според изјавата објавена во книгата тврди дека ја силувале и злоставувале речиси секој ден. Видела дека истото им го прават и на други девојчиња и момчиња. Сораја по еден настан, била повикана во палатата на Гадафи, каде тој се обидел да ја силува. Таа успеала да се одбрани, но подоцна и одржале „лекции“, и пуштиле да гледа порно филмови, а била приморана и да гледаи сексуални односи,за нешто да научи. Била пуштена во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


