| четврток, 6 декември 2018 |

Пишеви донираа помош за корисниците на социјална парична помош

piseviПо повод празникот Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица, денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев и неговото семејство, на корисниците на социјална парична помош им поделија хуманитарни пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена.

– Фамилијата Пишеви, во соработка со МТСП, преку Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Струмица на сите корисници на социјална парична помош и на Народната кујна од христијанска вероисповед, им подели хуманитарни пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена, изјави Гордана Пишева.

pisevi1

Таа на сите христијански верници им го честита празникот и им посака здравје, среќа, бериќет и благосостојба. Ја најави новоформираната фондација „Граѓаните пред се“ која, како што рече, уште повеќе ќе им помага на луѓето и ги повика сите бизнисмени и политичари кои  имаат можност да помагаат.

Васил Пишев, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, беше главен иницијатор за оваа хуманитарна акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top