Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска беше домаќин на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ кој допатува со група бизнисмени од Хрватска. Оценето дека двете држави имаат одлични политички и економски односи и дека е добро што Охрид е збратимен и има добра соработка со неколку градови од Хрватска. Бакрачески и Месиќ разговарале за повеќе прашања, особено за темите поврзани со евроатланските интеграции на Република Македонија
– Разменивме мислења и околу унапредување на соработката на Охрид со градови од Хрватска и заедничко аплицирање за проекти кои би се финансирале од фондовите на Европската унија. Морам да потенцирам дека е чест да се разменат мислења со човек кој има огромно искуство како политичар и дипломат и толку многу го сака Охрид. – истакна по средбата градоначалникот Бакрачески.
Експретседателот на Хрватска Месиќ рече дека со секое негово доаѓање Охрид му станува се поубав и се попривлечен.
-Од моето прво доаѓање во Охрид во 1967 година , кога како претседател на Општина Орешица , предводев стопанска делегација , потоа последната седница на претседателството на поранешната СФРЈ и неколкуте посети како претседател на Република Хрватска , па се до денес , овој свет град секогаш кај мене побудува посебни чувства – рече Месиќ , по средбата со градоначалникот Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


