Докторка и сопственичка на приватна ординација им наплаќала на струмичките ученици од 50 до 100 денари за да им напише лекарско уверение дека се болни за да оправдаат отсуство од часови.
СВР Струмица поднесе кривична пријава за Е.П.-Р.(64) од Струмица – лекар за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“ и против нејзината ПЗУ „Медикус“ ПО Струмица за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, јави МВР.
Пријавената, во периодот од 2010 до 2013 година, издала 33 медицински белешки на ученици за извршени прегледи заради оправдување на отсуството од училиште и за истото им наплаќала од 50 до 100 денари за еден ден отсуство. Притоа, евидентните броеви на белешките не се совпаѓале со броевите во медицинската документација што ја водела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.