| четврток, 6 декември 2018 |

Рики Мартин: Ги тепав децата за кои знаев дека се геј

Поп-пејачот Рики Мартин, кој пред неколку години се декларираше како хомосексуалец, призна дека во младоста бил хомофобичен.

– Додека растев во Порторико, ги тепав децата за кои знаев дека се геј. Бев многу хомофобичен и тоа долго ме прогонуваше – рече во интервју Мартин.

Во моментов тој живее со Карлос Гонзалес Абелс, со кого заедно ги чуваат синовите Матео и Валентин.

– Не сакав синовите да растат во куќа на лаги и да мислат дека не е во ред да се биде геј – изјави Мартин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top