Од вкупно 112.300 странци кои лани добиле германски пасош, 777 се Македонци, објави
„Дојче веле“.
Според „Дојче веле“, најголемиот број нови државјани се со турско потекло, а пораснал бројот на Срби, Црногорци и Косовци кои добиле германско државјанство.
Германскиот пасош е повторно многу баран кај странците во Германија. Во Германија четврта година по ред расте бројот на примени нови државјани од странците кои живеат во земјата. Како што соопшти Сојузната служба за статистика од Висбаден, во 2012 година германски пасош добиле околу 112.300 странци, речиси пет проценти повеќе од претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



