
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во западните и во северните делови на Македонија ќе има зголемување на облачноста проследена со локален дожд и со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има и услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
В среда на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


