
Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад, употребил хемиско оружје, а потоа ги уништил доказите. Кери додаде дека САД имаат дополнителни информации за тие напади и истите ќе ги објават во следните неколку дена.
Претседателот на САД, Барак Обама, интензивно се консултира со своите сојузници и правни експерти за тоа како да одговори на нападот со хемиско оружје во предградие на Дамас во кој загинаа повеќе од 1.300 цивили.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, предупреди дека интервенција на САД без резолуција на Советот за безбедност ќе се смета за прекршување на меѓународното право.
Претседателот на Сирија, пак, ги предупреди Американците дека ќе добијат жесток одговор доколку се осудат да ја нападнат земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


