| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Пукна водоводна цевка, се поплави патот Скопје – Куманово

Само брзата интервенција на локалните жители и на „Водовод и канализација“ во овој дел од главниот град спречила поплава на десетици куќи во населбата која е лоцирана на десната страна од автопатот кој води од Скопје кон Куманово.

Поради пукната цевка на водоводната мрежа Фи 400 и огромната количина вода која истекувала во текот на ноќта, постоела опаснот водата, наместо на автопатот кон Куманово, да тече кон блиската населба и да поплави десетици домови. Откако слушнале дека цевката е пукната, тие со големи чекани ги искршиле рабниците од патот и направиле простор за одлив на водата.

Граѓаните велат дека проблемот постои десетина дена и дека екипите на „Водовод“ се обидувале да го решат, но не успеале .

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и се обидуваат да го санираат проблемот, а кај скршената цевка беа собрани и граѓани кои за „Република“ го објсануваат проблемот од кој можеа да настрадаат нивните куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top