Само брзата интервенција на локалните жители на овој дел од главниот град спречила поплава на десетици куќи во населбата која е лоцирана на десната страна од автопатот кој води од Скопје кон Куманово.

Поради пукната цевка на водоводната мрежа Фи 400 и огромната количина вода која истекувала во текот на ноќта, постоела опаснот водата, наместо на автопатот кон Куманово, да тече кон блиската населба и да поплави десетици домови. Откако слушнале дека цевката е пукната, тие со големи чекани ги искршиле рабниците од патот и направиле простор за одлив на водата.
Граѓаните велат дека проблемот постои десетина дена и дека екипите на „Водовод“ се обидувале да го решат, но не успеале.
Сообраќајот не е во прекин, но полициските патроли поставија знаци за ограничување на брзината на максимум 30 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


