| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој пропушти можност да заработи 14 милијарди долари

Рон Вејн е еден од милионите луѓе што ја пропуштиле својата можност да заработат голема сума пари. Единствената разлика меѓу него и останатите е што неговата погрешна одлука го чинеа 14 милијарди долари.

Овој човек е еден од основачите на гигантот „Епл“, кој за разлика од Стив Џобс, кој беше еден од најбогатите луѓе на планетата, живее во подвижен дом во Лас Вегас.

Рон Вејн ја направил најголемата грешка во неговиот живот кога во 1976 година го продал својот дел од компанијата за 700 долари бидејќи сакал да се фокусира на бизнисот со автомати за казина.

Тој изјавил дека не се кае за својатаа одлука бидејќи живеел исполнет живот и имал сѐ што можел да посака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top