| четврток, 6 декември 2018 |

Бекамови ќе се посватат со аристократско семејство

Бруклин, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, наполнил 14 години и веќе има девојка, која ја познава од детството

Девојката има потекло од британска аристократска фамилија. Нивната рoманса траела подолго  време, а добила на интензитет по враќањето на семејството Bекам од Лос Анџелес во Велика Британија.

Извори блиски на семејството Бекам велат дека децата се запознале преку познатиот готвач и неговата сопруга, која е заедничка пријателка на Викторија и мајката на девојчето.

Викторија и Дејвид се воодушевени што нивниот најстар син има девојка и таа станала „службена“, објавија медиумите во Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top