| четврток, 6 декември 2018 |

Ирина е проклето секси со брич во рака (галерија)

Ирина Шајк не можеше да влезе во десетката на овогодинешното рангирање за највисокоплатените модели на списанието Форбс, но сепак тоа изгледа воопшто не ја вознемирува. Дамата продолжува да се снима самоуверено и само е прашање на време кога ќе се нареди до Жизел и Адриана Лима, откако нејзиниот изглед ќе биде оценуван на милиони.

--irina-shayk-1

Сепак каде и да се појави, Ирина предизвикува внимание и восхит. Во месец септември Шајк излегува на насловната страница на руското издание на Allure. Бидејќи дамата е со руска крв, нејзината појава воопшто не е неочекувана. Фотографиите не се направени во нејзината татковина, туку во хотелот Plaza во Њујорк. Фотаграф е Џампаоло Сгура, а во нив волшебната девојка на Кристијано Роналдо се подготвува за вечерно излегување.

--irina-shayk-2

Ирина позира во прекрасен црвен фустан кој не го соблекува дури и кога треба да си ги избричи нозете. Со брич во рака моделот изгледа проклето секси, за инает на мажите – кои го сметаат бричењето на женските нозе за непривлечно. Ирина едноставно ги менува сите правила!

Таа има не еден, туку двајца мажи за излегување, кои се облекле во благороднички костуми и се подготвени да одат со неа насекаде. Со многу еротски поглед и усни подготвени за бакнежи, Шајк ги заведува присутните – близнаците Џордан и Зак Стенмарк.

--irina-shayk-3

--irina-shayk-4

--irina-shayk-5

--irina-shayk-7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top