Швајцарија уште еднаш го оправда клишето за себе како најуредена држава во светот. Градската управа на Цирих одлучи да отвори посебни паркинзи на кои проститутките на мира и дискретно ќе можат да даваат услуги. „Секс-драјв-ин“ како што ги нарекоа во печатот ќе бидат привремени гаражи, девет на број во поранешната индустриска зона и ќе бидат опремени со аларми и место за чувари за проститутките да бидат заштитени од насилни клиенти. Ниту еден клиент нема да може да замине во друштво со проститутка, мораат да заминат сами.
Од циришката социјална служба велат дека проституцијата во градот ескалирала и дека проститутките почнале отворено да ги прогонуваат мажите по улица. За да го средат тоа, одвоиле 2,4 милиони швајцарски франци, ги издржале критиките од јавноста и ги нарачале гаражите.
-Овој проект е крајно контраверзен. Проституцијата овде се гледа низ призмата на моралот и религијата. Но тоа го оставивме настрана и го гледавме само како бизнис. Хуманитарниот аспект ни е поважен од политичкиот, рече шефот на одделението за социјални прашања во Цирих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


