По дознавањето за исчезнувањето на Ламар Одом, американските медиуми воедно дознале дека поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс имал проблеми со дрогата во последните две години.
Тој наводно одел на рехабилитација во Сан Диего минатиот август, а заминал по само три недели престој, но останал „чист“ по што можел да игра за ЛА Клиперс минатата сезона.
Меѓутоа, кога сезоната завршила Одом повторно почнал да користи тешки дроги, објавија американските медиуми.
Ова не е прв пат кошаркарот да има проблеми со недозволени супстанци. Во 2001-ва година беше суспендиран на осум месеци бидејќи ги прекршил НБА правилата откако користел марихуана.
Одом има 33 години, а беше четврти пик на драфтот во 1999-та година од страна на ЛА Клиперс. Потоа играше за Мајами, Лејкерс и Далас, пред повторно да се врати во Клиперси во 2012-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



