| четврток, 6 декември 2018 |

Јошка Броз: сѐ уште не сум ја посетил Јованка

Српските медиуми пишуваат дека кај Јованка дошла само сестрата Нада, а внукот на Тито, Јошка, уште чека. Собата во која престојува Јованка ја чува полицијата.

„Малку е подобра. Постојано сум во контакт со докторите и само чекам да ми кажат кога можам да одам да ја посетам. Засега не прима посети“ – рекол Јошка Броз.

Сите овие години ги пуштала преку својот праг само сестрите Нада и Зора. Нада накратко успеала и да ја посети во болницата. Додека Јованка се бори со страшната болест, Јошка го брани нејзиниот образ. Многумина сведочат за нејзиниот лош карактер после смртта на Тито, а Јошка вели:

„Беше и преблага“.

„Таа се’, ама баш се’ правеше да го заштити Тито и да му угоди, и постојано се плашеше дека нешто ќе му се случи. Бараше ред, работа и дисциплина. Беше перфекционист. На многумина им беше тешко да го следат нејзиното темпо и да ги исполнуваат нејзините барања. Од таму се сите тие приказни“ – појаснува Јошка.

Но, не била само перфекционист, туку и штедлива, што некои го протолкувале со исмевање. На пример, знаела на ручекот да означи до каде го испиле шишето вино. Обично тоа би се сведело на два децилитри.

„Не сакаше расфрлање, а бидејќи Тито и’ ја довери резиденцијата, се трудеше да биде вистинска домаќинка“ – ја оправдува Јошка.

Токму поради трудот да биде идеална сопруга, после смртта на Тито живеела во целосна изолација. Се затворила во вилата и во себе, стравувајќи за својот живот. Се замерила со многу соработници на Тито, вели Јошка, бидејќи знаела премногу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top