Јавниот обвинител на сојузната американска држава Њујорк по судски пат побарал 40 милиони долари отштета од американскиот магнат Доналд Трамп поради воведувањето на лажниот Универзитет Трамп, кој што на студентите им ветувал дека од нив ќе направи милионери, но за скапата школарина не им понудил речиси ништо.
Обвинителот Ерик Шнајдермен истакнал дека во периодот од 2005 до 2011 година, мнозинство од 5.000 студенти, кои што плаќале и до 35.000 долари за школување, очекувале дека барем ќе го запознаат Трамп, но се што добиле од скапите и бескорисни семинари било тоа што се фотографирале пред фотографија на еден од најбогатите луѓе во светот.
Ѕвездата на реалното шоу „Шергт“ возвратил дека ни тој ниту пак неговиот универзитет никогаш никого не измамиле и дека тужбата која што ја поднел демократот Шнајдермен е лажна и политички мотивирана и дека обвинителот на тој начин сака од него да изнуди пари за кампања.
Државната служба за образование пред неколку години побара од Трамп да го смени името на својата фирма, бидејќи лиценцата не ги исполнува законските дефиниции на универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


